My piece on “E-Learning Capacity in the Western Balkans”
I received comments from:
*Dr. Mary Drosopulos, expert on training and education
*Prof Kyvete Shatri, focusing on digitalized education in Pristina University
"E-learning is a distance learning via the Internet with the help of lecturers. It’s such a digital skill in the education which is necessary for the development of the digital economy and society in the Western Balkans.
Pandemic exposed the existing structural problems of the education system in the Western Balkan even though Western Balkans countries are trying to develop education and training systems in line with the new skills demands."
Периодот на пандемијата исто така позитивно придонесе за стапката на глобална писменост на 87 отсто, или речиси кај девет од десет луѓе на светско ниво, според податоците објавени во „Светот низ податоци“, на Светска банка од 2022 година.
Овој дигитален развој, кој стана видлив во нашите животи со пандемија ќе ги зајакне напредните дигитални вештини помеѓу идните вработени поради фактот дека употребата на сет на дигитални алатки во формалното образование е неизоставен дел од процесот на учење.
Сепак, пандемија ги доведе до израз постојните структурни проблеми на образовниот систем на Западен Балкан, иако земјите од регионот се обидуваат да го развијат образованието и наставните програми согласно побарувачката за нови вештини.
Предизвици за земјите од Западен Балкан во е-учењето
Земјите од Западен Балкан се соочија со предизвиците на дигиталната транзиција, вклучително и капацитетите на институциите, ограничените административни способности и други предизвици во врска со процесот на е-учење.
Според истражувањето на РеСПА (Регионална школа за јавна администрација), поголемиот дел од земјите од Западен Балкан имаат или посебен систем за е-учење или таков систем воопшто немаат развиено.
Мери Дросопулос, експерт за учење и развој, вели дека „предизвиците во е-учењето се, пред сè, недостатокот на пристап на многу луѓе до соодветна опрема и стабилна интернет конекција, особено во маргинализираните или обесправените области. Второ, недостатокот на обучени наставници/обучувачи и на крај недостатокот на социјален ангажман обесхрабрува многу луѓе од е-учење“.
„Мислам дека предизвиците за е-учење на Балканот се во две главни перспективи: дидактички и инфраструктурен аспект“, вели Кивете С. Шатри, асистент на Факултетот за образование на Универзитетот во Приштина.
„Во однос на дидактичкиот аспект, потешкотиите со кои се соочуваат се подготовката на е-материјалите и имплементацијата на наставните програми за е-учење и дека треба да има измени во планирањето на часовите. Ангажирањето на учениците, зголемувањето на интерактивноста и мотивацијата бара соодветно планирање. Додека, што се однесува до инфраструктурниот аспект, недостатокот на соодветен систем за управување со учењето (ЛМС) опремен со технолошки алатки кои овозможуваат интерактивност и групна работа, се чини дела е главна пречка на балканските земји за успешно реализирање на е-учењето”, дополнува Шатри.
И двајцата експерти се согласуваат дека во регионот има недостиг од обучени наставници/обучувачи.
„Вештините на наставникот за спроведување на е-учење се големи предизвици за Балканот“, додава Шатри.
Тешко оди подобрувањето на капацитетот за е-учење
Како земјите од Западен Балкан ќе го подобрат својот капацитет за е-учење е тешко прашање на кое треба да се одговори.
Мери Дросопулос, исто така, смета дека: „Навистина е тешко да се каже нешто за подобрување на е-учењето во Западен Балкан. Можеби обезбедувањето посета на е-часови ќе биде од корист иако не можам да се сетам дека такви пракси постојат“.
Сепак, еден од најважните поддржувачи на ова прашање е ЕУ. Во соработка со министерствата за образование на шесте земји од Западен Балкан, Европската комисија ја лансираше Платформата за образование и обука за Западен Балкан на 7 март 2012 година. Нејзините цели се да ја поддржи транзицијата на земјите кандидати и потенцијалните кандидати да приспособат подобар образовен систем и да ги обезбедат сите иновации.
ЕУ со години го поддржува дигиталниот напредок на Западен Балкан преку својата „Дигитална агенда“. Со проектот за е-учење во контекст на Дигиталната агенда, ЕУ ја поддржува дигиталната трансформација на земјите од Западен Балкан за регионален напредок и да го направи е-образованието подостапно за сите кои сакаат да ги подобрат своите дигитални вештини на својот кариерен пат, иако се уште е рано да се измерат ефектите од агендата.
За жал 67% од младите на Западен Балкан размислуваат да работат во странство поради загриженост за невработеноста, сиромаштијата и корупцијата, се вели во анкетата на Балкан Барометар за 2022 година. Затоа е многу важно образованието и наставните програми во Западен Балкан да се модернизираат и да го намалат јазот во вештини што ќе придонесе за намалување на младинската невработеност.
Шатри дава неколку предлози за подобрување.
„Образовните политики треба повеќе да се фокусираат на е-учење и вложување во професионален развој на ИКТ вештините на наставниците во образованието“
„Подобрувањето на инфраструктурата со технолошка опрема е неопходен услов за да се овозможи електронска настава во училиштата“, вели Шатри.
И за крај, Шатри дава надеж и за потенцијалот на земјите од Западен Балкан.
„Мислам дека балканските земји треба да имаат голема соработка во размената на искуства и надминувањето на предизвиците што ги имаат за да ги постигнат посакуваните резултати во зголемувањето на капацитетите за имплементација на е-учењето“, заклучува Шатри.


Comments
Post a Comment