My piece on UN reforming: The motto “World is bigger than five” is crucial for the Balkans
“World is bigger than five” is a well-known motto, which has been consistently used by Turkish President Recep Tayyip Erdoğan since 2013. He uses this motto on various domestic and international platforms to draw attention to injustice in the international system.
In Albanian: click
In Macedonian: click
Што значи ова мото?
Проф. Нуршин Атешоглу Ѓунеј од Универзитетот Нишанташи во Истанбул за ТРТ Балкан вели: „Во денешниот свет, не постои генерален договор за тоа каква форма ќе добие светскиот поредок во наредните години и наредната деценија.“
Проблемите и предизвиците во кој било дел од светот може брзо да доведат до последици кои го погодуваат целото човештво.
„Она што е сигурно е дека човештвото мора да се справи со огромни и на многу начини невидени трансформации и предизвици, како што се; климатските промени, напливот на тероризмот и странските борци, ширењето на нуклеарното оружје, подготвеноста за пандемија, граѓанските војни, масовните миграциски движења и војните како што е војната во Украина итн…“, додава проф Ѓунеј.
Структурата на моќта на денешниот меѓународен систем во голема мера ги штити развиените земји. Особено, обесправените земји на Балканот, Африка, Азија, Африка, Јужна Америка се „смачкани“ под тежината на еден нефер меѓународен систем.
На пример; Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) има пет постојани членки (П5); Кина, Русија, Франција, Обединетото Кралство и САД, кои можат да стават вето на која било нацрт-резолуција, дури и ако се добиени потребните девет гласови од вкупно петнаесет.
Заедничкото население на Азија (4,6 милијарди) и Африка (1,3 милијарди) сочинува повеќе од три четвртини од светската популација. Сепак, азиското и африканското претставување и остатокот од светот се значително слаби во Советот за безбедност на ОН.
Затоа, во последниве години, Туркије инсистира на тоа дека е потребна радикална реформа за меѓународниот систем, особено за Обединетите нации, односно за Советот за безбедност на ОН.
„Овој повик не е празен идеолошки став. Како што се менува светскиот баланс, зошто да не се сменат институциите останати од Втората светска војна? Додека светот минува низ таков процес на промени, незамисливо е институциите изградени и структурирани според старите меѓународни рамнотежи да останат непроменети“, вели во изјава за ТРТ Балкан д-р Зелиха Елиачик, уредничка на вести за анализа на Агенција Анадолија (АА).
Привилегираното малцинство не треба да ја монополизира моќта
Во Поглавје 1, член 1 од Повелбата на ОН, се наведува дека првата цел на ОН е одржување на меѓународниот мир и безбедност. Оттука, организацијата има за цел да ги спречи заканите за мирот, да ги потисне актите на агресија и да донесе мирно решавање на меѓународните конфликти.
Сепак, апсолутното право на вето дадено со член 27 на секоја од постојаните членови на Советот од самиот почеток беше клучна пречка за исполнувањето на мисијата на телото.
Војната во Украина му покажа на светот дека оваа структура на Советот за безбедност на ОН ќе биде главен камен на сопнување за мирот.
Професорот Ѓунеј вели: „П5 речиси секогаш биле поделени на ривалски геополитички блокови, при што членка на еден блок - воглавно или Советскиот Сојуз (и сега негов наследник, Русија) или САД, го искористувале правото на многу клучни одлуки. Денес, руската офанзива врз Украина е остар потсетник за немоќта на Советот за безбедност кога интересите на една или повеќе од постојаните пет членки се судираат со интересите на другите членки“.
Привилегираното малцинство на моќни актери не треба да ја монополизира моќта на сметка на мнозинството, додека новиот светски поредок го признава постоењето на мултиполарен свет.
Зошто ова мото е важно за Балканот?
1. Силна застапеност во мултиполарниот свет
Реформата на Советот за безбедност на ОН е неопходна за да се направи системот на ОН повторно активен поради фактот што иднината на 7 милијарди луѓе не може да биде ниту одржлива ниту праведна, доколку е во рацете на пет земји.
Најголем дел од постојаните членки во Советот за безбедност на Обединетите нации се од Западот, додека застапеноста на Азија, Африка и Балканот е значително слабо.
Доколку Советот за безбедност на Обединетите нации не се прилагоди на геополитичката реалност на 21 век, неговиот легитимитет и авторитет би биле загрозени.
„Иако западниот фронт со членството на САД, НАТО и ОН се обидува да ги задржи балканските земји на својата периферија, институционалните и идеолошките верности кон блоковите постепено слабеат. Светот се движи од систем определен од неколку земји кон политика со повеќе актери“, вели Д-р Елиачик.
Затоа, ова мото ги вклучува балканските земји; особено Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Северна Македонија, Црна Гора кои со години чекаат целосно да бидат вклучени во западниот блок.
Д-р Елиачик вели „Туркије се обидува да ги унапреди своите интереси и да создаде простор за другите земји во регионот кои како Туркије се исклучени од Советот за безбедност на ОН. Иако балканските земји се членки на ЕУ и НАТО, тие отсекогаш биле третирани како „посвоени“. Спорна е и нивната припадност кон ЕУ“.
2. Колективна солидарност во решавање на конфликти
Крвавата војна во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година веројатно беше едно од првите главни прашања во ерата по Студената војна што ја алармираше Туркије за проблематичната структура на меѓународните институции. А потоа, многу меѓународни случувања како Сирија, Мјанмар, Украина итн. го мотивираа турскиот претседател Ердоган да создаде толку опширно мото за меѓународниот систем.
Д-р Елиачик вели: „Од своето основање, ОН не успеаја да обезбедат практични решенија за меѓународните конфликти, како што видовме во Босна, Мјанмар и Украина. Покрај тоа, тој даде изглед на апарат кој ги штити интересите на хегемонистичките земји-членки“.
Советот стана главен извор на несигурност за многу држави поради злоупотребата од страна на П5 на нивните привилегии заради геополитички и економски придобивки.
Оттука, новиот меѓународен поредок ќе даде приоритет на колективната солидарност, практични решенија и соработка против агресија.
3. Одржување на мирот и стабилноста
Мирот и стабилноста, особено во Косово и во Босна и Херцеговина, понекогаш се загрозени од правото на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации.
„За време на новата Студена војна, каде ривалството на големите сили се интензивираше не само во Украина, туку и во Западен Балкан, потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот станува неизбежна“, смета ппрофесорот Ѓунеј.
На пример, особено Русија и неколку други главно западни членки на Советот за безбедност имаат несогласувања околу многу прашања во Босна и Херцеговина и Косово. Функцијата на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Босна, мировните и стабилизациските сили во Косово и Босна се главните теми за критики, а заканите за вето се користат во рамките на Советот за безбедност на Обединетите нации.
„За да се надмине ветото на П5 што го попречува функционирањето на Советот за безбедност на ОН, меѓународната заедница сега треба да размисли за мотото на турскиот претседател Ердоган дека „светот е поголем од пет“ и сериозно да ги сфати реформите во ОН“, истакнува професорот Ѓунеј.
Забелешките на Ердоган се насочени не само кон системот на ОН, туку и кон другите меѓународни механизми и институции кои ја повредуваат глобалната правда, како што се ММФ, Светска банка и други.


Comments
Post a Comment